Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки потпишаа денеска гувенерите на народните банки на Македонија и на Хрватска, Димитар Богов и Борис Вујчиќ.
Меморандумот предвидува размена на знаења и искуства во областа на банкарството, примената на меѓународните принципи и супервизорски стандарди за претпазливо банкарско работење, заради натамошен развој и јакнење на финансиската стабилност и поттикнување одржлив економски раст во двете земји.
Овој меморандум. како што соопшти НБРМ, е резултат на долгогодишните пријателски односи меѓу двете централни банки и воедно, обезбедува продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите што ќе произлезат во наредниот период.