Општина Центар: Дезинформација е дека се откажуваме од надлежноста врз улица „Македонија“

Од:

Општина Центар најостро ги демантира денешните информации во „Дневник“, според кои општината, откако лани ја предала надлежноста за одржување на спомениците во централното подрачје во градски раце, сега се откажува од надлежноста врз улица  Македонија по целата нејзина должина.

На средбата со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски јасно посочи дека од оваа улица општината во никој случај нема намера да се откаже.

Улица Македонија е пешачка улица, без сообраќај и не држи објаснувањето на градот Скопје дека ќе преземе улици кои поминуваат низ две или повеќе општини, на кои се одвива јавниот градски превоз или сообраќај.

Не станува воопшто збор ниту за немање пари за одржување на улица Македонија. Напротив, општината ги замени оштетените бекатон плочки. Во таа насока, општината на улица Македонија засади 18 садници.

Долги години улицата Македонија беше пуста, без зеленило и со исушени дрвја, за кој никој не водеше грижа во последните години. За прв пат во Република Македонија, на јавен простор се засадија толку големи, одгледани садници.

Во текстот, исто така е наведено, дека не само од улицата Македонија, туку наводно општината се откажала и од неколку други улици на својата територија.

Напоменуваме дека за да се реализира преземањето на општински улици од страна на Град Скопје, градоначалникот Коце Трајановски треба да склучи договори за меѓуопштинска соработка со општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски