Делегација на Македонска академија на науките и уметностите, од утре до 2 ноември во Берлин ќе учествува на конференција по повод 100-годишнината од Првата светска војна.
Конференцијата е во заедничка организација на МАНУ и Научното друштво од Берлин „Лајбниц“, кои се домаќини на собирот.
Во македонската делегација се претседателот на МАНУ Владо Камбовски, секретарот на Одделението за уметности на МАНУ Луан Старова, професорот во Институтот за национална историја Марјан Димитријевски, професорот на Филозофскиот факултет во Скопје Далибор Јовановски и советникот за меѓународна соработка во МАНУ Гоце Алексоски.