Бангладеш: Поранешниот министер и лидер на Џамат е Ислами осуден на смрт

Од:

Поранешниот министер и лидер на најголемата исламистичка партија Џамат е Ислами во Бангладеш Мотиур Рахман Низами (71) денеска е осуден на смртна казна поради злосторства против човештвото извршени во 1971 година за време на војната за независност од Пакистан.

Специјалниот суд во Дака го осуди Низами за неговата улога во убиството на илјадници луѓе за време на војната за независност против Пакистан.

Motiur Rahman Nizami

Обвинението против Низами беше составено од 16 точки, вклучително геноцид, убиство, тортура, силување и уништување имот.

Пакистански војници помогнати од локални соработници убија три милиони луѓе, силуваа 200.000 жени и принудија околу 10 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во бегалски кампови во соседна Индија за време на деветмесечната војна.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници