Постојат мајки, кои сите ги изгбегнуваат, а можеби ќе се пронајдете во некоја од нив или ќе сфатите што не треба да правите кога еден ден ќе станете мајка.
Мајка, која знае се
Оваа мајка знае се за се во секој момент! Таа не може да зборува за бебешките грчеви без да го елаборира потеклото на нивното име, знае цел историјат за бенадрилот (лек против алергии) и со сопствениот труд и нежност ја излекувала ама баш секоја детска болест.
Мајката, која е најдобра во се
Намерно или не оваа мајка ќе направи вашите мали родителски победи да изгледаат без врска. Горди сте што вашете дете на три години само јаде? Нејзиното тоа го сторило во втората година. Сте направиле вкусен чизкејк? нејзиниот е награден на некој натпревар. Нејзиното дете има прекрасни манири, неговата облека е чиста и по два часа поминати во песок, таа има најубав двор, најубава фризура и совршен маникир. И не се срами тоа да ви го стави до знаење.
Мајка, која е многу, многу (многу, многу) искусна
Оваа мајка на секоја ваша приказна ќе одговори: „Сето тоа сум го поминала“, „Не знаеш ти уште ништо“, „Допрва ќе видиш“ или цинично ќе се насмее на вашите проблеми.
Мајка, која соли памет
Доколку пред неа случајно споменете дека вашето дете уживало во чипс и газиран пијалак, ќе бидете принудену да слушате едночасовно предавање за тоа како тој начин на исхрана предизвикува дебелеење, проблеми со срцето и дишењето.
Мајка, која не прави грешки
Таа на своите деца им тврди дека никогаш немала ниту еден проблем! Таа никогаш не загубила дете во трговски центар, не и паднало детето кога било мало, пред него никогаш не кажала пцовка, не му дала нездрава храна, а тоа има одлични оценки, оди на четири секции и е неверојатно послушно.
Хипи мајка
Се повеќе родители се залагаат за природно родителство, што е преубаво. Природата ни пружила многу и затоа мораме да и вратиме со иста мера и сите знаеме дека лековите често пат повеќе одмагаат, отколку што помагаат. Меѓутоа тие мајки сметаат дека детето никогаш, по ниту една цена не треба да испие ниту еден лек, сметаат дека употребата на еднократните пелени е злосторство против природата, дека пушењето во радиус од 300 мери од детето е ужасен и намерен начин да му наштетите.