Давјца украински војници убиени во источна Украина

Од:

Двајца украински војници се убиени, а други двајца се ранети во борби со проруските сепаратисти во источна Украина, соопшти денеска украинскиот воен портпарол Андреј Лисенко.

Тој не прецизираше каде се убиени војниците, но посочи дека воените дејствија се интензивирале за време на парламентарните избори, што се одржаа во неделата.

Аеродромот на Доњецк, кое е едно од најголемите спорни места што двете старани сакаат да го имаат под контрола, беше подложен на напади од огнено оружје, артилериски гранати и минофрлачи, додаде Лисенко.

Украинските војници се повлекле од контролен пункт во близина на селото Мелење, во Луганската област, по борбите меѓу проруските сепаратисти и владините сили, соопшти украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана, прецизирајќи дека при судирите ниту еден војник не бил ранет или убиен.

Од 5 септември, кога беше склучено примирјето меѓу судрените страни во источна Украина, па досега, се убиени десетина украински војници, од кои двајца во неделата, истакна Лисенко.

Според податоците на ОН, во борбите во источна Украина, од април годинава, па досега, загинале околу 3.700 лица.

Би можело да ве интересира

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци