Прв „Малински Фото фестивал“ во Куманово

Од:

Првиот фестивал на фотографија во Македонија, „Малински Фото фестивал“, ќе се одржи на 1 ноември, сабота во Куманово со почеток во 13 часот.

Фестивалот го организира фото клубот Куманово. Името Малински е посветено на првата фотографска фамилија во Куманово, која во раниот XX век со уметнички призор го обележала времето во кое живеала, преку разните портрети и прикази на животот во Куманово.

– Навистина сме горди сме што токму нашиот клуб ќе ја продолжи идејата и значајната работа на фамилијата Малински – велат организаторите.

Настанот ќе биде проследен со пет изложби на уметничка фотографија и 12 фотографски проекции. Ќе има изложба на минијатури од наградувани фотографии на меѓународни изложби, за чија реализација клубот добил помош од повеќе клубови од Србија, Босна, Турција и од Египет. Ќе биде претставена меѓуклупската изложба Круг која била со натпреварувачки карактер помеѓу кумановскиот и прилепскиот фото кино клуб. Свое место ќе добие и клупската изложба на фотографија Тумба, која претставува пресек од наградуваните фотографии на членовите на кумановскиот клуб.

malinski-fest-kumanovo

На изложбата ќе гостуваат Неда Речки, Озрен Божановиќ, Драгослав Мирковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Марија Јовановски и Сашко Илов. Во Галерија на град Куманово ќе биде отворена самостојна изложба на Мирослав Предојевиќ, претседател на уметничкиот совет при Фото сојуз на Србија, кој на доста примамлив начин ќе ја претстави релацијата фотограф и модел.

На фото проекциите посетителите ќе имаат можност да ги видат колекциите на најпознатите турски автори, колекција на најголемиот клуб во светот ИФСАК, како и две проекции од најуспешниот автор, според светските фото организации, Луис Алберто Франке, од Аргентина. Фестивалот ќе се заокружи со клупската изложба на фотографии на Шангај Арт клубот, кој важи за еден од најактивните клубови во Азија.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски