(ФОТО) Нова изложба на Атанас Ботев: За ГМО, ЕУ, балканскиот блуз и другите апсурди на денешницата

Од:

Во Мала станица, утре (среда, 29 октомври) во 20 часот ќе биде отоврена изложбата на Атанас Ботев со наслов „Дезинтеграции“.

Атанас Ботев како сведок на актуелните случувања и ситуации ја гради својата естетска стратегија на демистифицирање на овие општествени феномени. Тој ги коментира општествените, политичките и културните превирања на локално и на глобално ниво.

„Во контекст на неговиот интерес за креирање на синтеза на историските уметнички правци и реакција на општествено-политичките идеологии од далечното и блиското минато, иронично и интеррогативно, понекогаш и саркастично реагира преку транспонирање и редефинирање на актуелните состојби каде го соголува системот во кој главен збор водат организации на водечките светски сили кои под велот на “подобрување на животната средина” го преструктуираат глобалниот поредок, се со причина на зачувување на сопствениот интерес.

botev-izlozba2

Во дефинирањето на ликовниот јазик кој Ботев го користи во реализација на неговите дела може да се каже дека е визуелен номад, спојувајќи повеќе сликарски техники и медиуми (сликарство, цртеж, графика, колаж, фотографија плакат, стрип, инсталација…), каде секој елемент е во функција на флуидност во креирањето на делото. Во отсликувањето на визулените прикази и приказни, но и приказ(н)и кои освен наративниот заплет поседуваат и пластични прочистени сентенци од реалноста, стуктуирани во надреални секвенци говорат за менталната линија на опредметувањето на континуитетот и реалитетот. Сцените од пероните на старата скопска железничка станица, руините од бетон и арматура, , се дел од реалноста на рушење на една меморија и носталгија и нејзино бришење, каде Ботев ги прекомпонирани во органски облици оставајќи погодност да не потсети на циничната нота на реалноста . Апстрактниот цртеж на храна во манир на Instragram фотографија, е во континуитет на духот на времето и трендот на општетвените мрежи, но и нивна критика… Оплакувањето на Христос на Андре Мантења, припадниците на територијалната одбрана, членките на рускиот музичко-активистички состав Pussy Riot, Зајакот и Волкот од цртаниот филм Ну, погоди!, се само олицетворение на стереотипот плен-гонител, приказ на нормалните (недевијантни) елементи на општеството, наспроти деструктивните и асоцијални општествени појави, но и можноста за нивно испреплетување и поминување на границите. Цензурирањето на ликовите и самото присутво на авторот со подигнати раце со што ја открива сцената е само реакција на начините на скандализирање со кои се постигнува PR ефект поради лична корист…

botev-izlozba3

На иста линија се и платната Balkan Blues, GMO и ??? (потребата да се влезе во ЕУ со народна носија и опинок на скирол, генетски модифицираниот организам, корпорартивноста претставена преку брендот Coca Cola, повикот на Uncle Sam, графит во манир на Banksy, деца кои лепкарат…) и се еден вид субверзивни епиграми од социјален и политички карактер…“, се вели во воведниот текст за оваа изложба.

Атанас Ботев е роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Создава во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

botev-izlozba

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски