Сеул: Ким имал операција на ногата

Од:

Јужнокорејската разузнавачка агенција соопшти дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, кој до неодамна беше отсутен од јавноста речиси шест месеци, имал операција за отстранување циста на глуждот на ногата, јавија јужнокорејски медиуми.

Странски специјалисти заминале за Пјонгјанг за да го оперираат Ким во крајот на септември или во октомври. Неговото отсуство беше проследено со бројни шпекулации, па дури и за државен удар.

Јужнокорејската разузнавачка служба додава дека Ким деградирал околу 200 воени офицери и оти се извршени 50 смртни казни во Северна Кореја од почетокот на годината. Најголем дел од нив се извршени врз луѓе блиски до вујкото на Ким и некогашен политички ментор – Џанг Сонг-Теку. Џанг беше убиен во декември лани откако е прогласен за виновен за предавство и корупција.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт