Мистериозниот диктатор и лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун при посета на еден центар за сираци во Пјонгјанг, ја покажа и другата, до сега непозната страна на својата личност.
Имено тој на фотографиите кои што во недела се направени во Центарот за незгрижени деца, воопшто не личи на некој кој пред само неколку денови наредил егзекуција на шест високи функционери во својата влада.
Од фотографиите може да се види дека во тек на прошетката во новоизградениот Дом за сираци, лидерот е добро расположен и константно насмеан, со што му испрати на светот сосема спротивна слика за себе, во однос на онаа по која е препознатлив.
Инаку ова не е прв пат тој во јавноста да ја покажува својата нежна страна. Во јуни е фотографиран како се игра со ученици во едно училиште, додека во февруари е забележана сцена на која во своите раце држи новороденче.
Е. Г.