А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шест сообраќајки за 24 часа во Скопје, пајакот отстранил 54 возила

by А1он28/10/2014 - 09:1306/01/2017 - 14:46114
Share0

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Од нив, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак.

Случени се и три незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден возач на патничко моторно возило, а со полесни повреди се здобиле пет сопатници и еден возач на патничко моторно возило.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните  училишта „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат во населба Драчево на територијата на општина Кисела Вода, со учениците од четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:10

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен