А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европски стандард во работењето на Општина Центар

by А1он28/10/2014 - 09:0006/01/2017 - 14:46306
Share0

Вчера, во просториите на општина Центар беа доделени сертификати на 13 вработени во општината, кои учествуваа во обуката за имплементирање на КАФ – Европски стандарди за квалитет во работењето или заедничка рамка на самооценување. Суштината е градење на професионална ефикасна админстрација, со цел да се подобри квалитетот на услугите од страна на општинската администрација кон граѓаните. Во текот на 6 месеци се правени самоооценки, кои области треба да се подобрат. Во процесот на воведување европски стандарди учествуваа 13 вработени во општината од сите нивоа на општинската админстарција.

Добивај вести на вибер

opstina-centar-evropski-standardi (1)

Во присуство на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет и модераторот на проектот Неда Малевска Сачмароска, градоначалникот на општината Андреј Жерновски им ги додели сертификатите на  вработените

Иницијативата за овој проект е на британската амбасада, а во неа до сега  учествуваа само уште две општини од Македонија. Но, воведување на КАФ стандардот од 1 јануари ќе биде задолжителна законска обврска за сите општини.

opstina-centar-evropski-standardi (3)

Процесот беше воден од модератори од Центарот за управување со промени. На денешната средба по повод доделувањето на сертификатите се обратија еден од учесниците, раководителот на секторот за финасии во општината Мира Чановиќ Петровска, градоначалникот Андреј Жерновски, британскиот амбасадор Чарлс Гарет и модераторот на проектот Неда Малевска Сачмароска.

Сертификати по успешното завршување на проектот добија 13 вработени во општина Центар: Мира Чановиќ Петровска, Дамјан Цингарски, Убавка Стојанова Арсова, Иван Аџиевски, Светлана Маринковиќ, Андријана Аларова, Биљана Велјановска, Дрита Исени, Елена Чалчевска, Илбер Љатифи, Весна Николовска, Димитар Цековски и заменик координаторот на проектот Тинка Маневска. Сите учесници изразија задоволство што учат од најдобрите, меѓу кои спаѓа британската админстрација, кога се работи за организација на администрацијата и подобрување на квалитетот на работата и имплементирањето на стандардите на европската администрација.

opstina-centar-evropski-standardi (2)

Овој стандард е резултат на соработката помеѓу министрите на земјите членки на ЕУ задолжени за подобрување на услугите кон граѓаните, вклучувајќи ги и нивните се поголеми очекувања во градењето ефикасна модерна општинска администрација.

Со воведување на Европскиот стандард за квалитет во работењето, општината се приклучува кон европските напори, темелени на проверени практики за воспоставување квалитет на јавната администрација и модернизација на јавните служби.

Појдовен императив на општина Центар при воведување на овој стандард беше насочен кон постојано подобрување на услугите кон граѓаните.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен