Земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтер е регистриран во близина на тихоокеанската островска држава Самоа, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.
Портпаролка на полицијата во главниот град Апија соопшти дека потресот не е почуствуван во главниот град, како и дека не располага со информации за предизвикани штети.