Руските комунисти протестираат против поскапувањето на комуналиите

Од:

Комунистичката партија на Русија денес во Москва и други градови низ земјата, организираше протестни митинзи заради поскапувањето на комуналните услуги.

На митинзите беше побарано одржување на предвремени парламентарни избори.

Во Москва митингот беше одржан на Плоштадот на револуцијата, а на него присуствувале околу 3000 незадоволни граѓани. Собирот поминал без инциденти, а на него зборувал лидерот на руските комунисти Генадиј Зјуганов.

Покрај комунистите, на митингот во Москва учествувале и активисти на Левиот фронт, движењето Работна Русија и други левоориентирани организации.

Освен во Москва, комунистите слични собири организирале и во Екатеринбург, Магадан, Јакутск, Липецк, Пензи, Уљановск, Костром.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување