Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека утре ќе се сретне со синдикатите на здравството.
Тој не ги коментира обвинувањата од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар за судската забрана за генерален штрајк по тужбата против Синдикатот, ниту пак даде коментар за најавите за предупредувачки протест на лекарите во понеделник.