Додека детето е сосема мало, родителите му избираат облека по сопствен вкус. Меѓутоа веќе на возраст од две години децата знаат што сакаат, а што не сакаат да облечат…
Глетката сигурно ви е позната: девојчето го облекло здолништето на мајка и и нејзините чевли. Тоа е нешто што од срце може да ве насмее, меѓутоа тоа всушност не е небитен момент во животот на детето, бидејќи тоа со имитирање на возрасните учи како личноста треба да се однесува, да созрева и да стекнува самодоверба.
Развивање на самостојност
Експертите ги советуваат родителите што е можно порано да ги научат своите деца сами да се облекуваат. Со тоа не се врши никаков притисок врз детето, тие најчесто и самите се обидуваат да се облечат и се горди кога тоа ќе им успее.
Препуштете му на детето самото да го одреди моментот кога ќе почне да се облекува (обично тоа е меѓу втората и третата година). Во почетокот ќе биде неспретно, така што треба малку да му помогнете, но пуштете го што е можно повеќе самото да направи, без разлика колку време му е потребно.
Избор на бои и модели
Доколку сметате дека вашто двегодишно дете е се уште мало за само да избере модел и боја на облека, не сте во право. Точно е дека на оваа возраст децата се уште не ги разликуваат сите бои и не се заинтересирани за брендови, модели и кроеви, но затоа ќе се почувствуваат важни, доколку при изборот на облеката ги прашање за мислење.
Паметен избор на облека
Повеќето родители ги избираат продавниците и бредновите според сопствените материјални можност. Меѓутоа без оглед на тоа дали вашето дете ќе носи брендирана или небрендирана облека, важно е да биде изработена од природен материјал, да биде удобна и топла. Се останато е помалку важно. Сепак, кога ќе го изберете саканото парче облека, ставете пред детето неколку модели и бои, а потоа пуштете го самото да избере.
Вистинските чевли
Кога детето ќе почне да оди, треба да има меки и еластични чевли, кои му овозможуваат на стапалото да се витка прилагодувајќи се на теренот. Ѓонот треба да биде тенок, а горниот дел на чевлите мек. Добри чевли се оние кои се обликуваат под тежината на телото и кои на детето му даваат чувство дека оди босоного.