Командантот Бреза сеуште е во критична состојба поради тешки повреди на главата со кои се здоби во вчерашната сообраќајна несреќа кај Долно Блаце.
Директорот на чаирската пошта и висок функционер на ДУИ, Насер Османи, се наоѓа во Ургентниот центар во Скопје, а веќе му била извршена операција.
Сообраќајката се случила вчера околу 11:30 часот, кога службениот автомобил „Фолксваген Кеди“ со кој управувал Османи се судрил со автомобил од марката „БМВ“, кога се враќал од Косово.
По сообраќајката експлодирал и плинскиот уред во возилото од што Османи се здобил со тешки изгореници. Во сообраќајката повреден е и неговиот сопатник, но и возачот на другото возило.