20.000 евра за украсување на ГТЦ

Од:

Со наближувањето на Нова Година започнуваат подготовките за украсување на објекти во главниот град.

Градскиот трговски центар (ГТЦ) распиша оглас за украсување а проценениле дека за оваа услуга им се доволни 1.200.000 денари или околу 20.000 евра без вклучен ДДВ.

Во објавата доставена до Бирото за јавни набавки стои:

„Вид на договорот за јавна набавка: Услуги – Категорија на услуга: бр.27

Други услуги кои не се опфатени во член 2 од оваа уредба (освен услугите кои се однесуваат на купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио и телевизиски куќи или за термините на радио и телевизиско емитување на програма)“.

skopje-nova-godina

Се подоготовки за дочек на Нова Година започна и Град Скопје. Пред еден месец објавија тендер за украсување и декорирање а вредноста на услугата е проценета на 8.813.559 милиони денари без ДДВ или околу 143.000 евра.

Освен организација на дочекот на „најлудата“ ноќ, градот распиша и тендер за организирање и огномет.

Оваа услуга градските власти ја процениле на 508,474 илјади денари без ДДВ или околу 8,200 евра.

Доколку се соберат проценетите вредности на услугите кои ги бара на тендер град Скопје излегува дека од нивната каса за дочек на Нова Година ќе се одвојат 9,322,033 милиони денари или 151.000 евра, а крајната потрошена сума може да се намали доколу на електронската аукција се пријават повеќе фирми.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство