Припадниците на Исламска држава објавија уште еден видео запис од британскиот заробеник, Џон Кантли, на кој зборува за техниките на злоставување, кои џихадистите ги користат.
Фоторепортерот кој повеќе од две години е во заробеништво, истакнува дека заробениците кои ќе се обидат да побегнат ги дават, така што преку главата им ставаат крпа на која постојано долеваат вода.
-Се додека не се обидеме да направиме некоја глупост, ние имаме добар третман од страна на припадниците на ИСИС. Оние кои се обидоа да побегнат се удавени, додека муслиманските затвореници ги мачат џихадисти со американско потекло – вели Кантли.
За разлика од останатите заробеници, британскиот фотограф наведе дека снимил осум видео записи, кои џихадистите ги објавуваат и истакна дека во следниот ќе зборува за неуспешната мисија за спасување.
Инаку терористите до сега јавно ги егзекутираа Алан Хенинг, Дејвид Хејнс, Џејмс Фолиј и Стивен Сотлоф, а под знак прашалник е и судбината на Кантли, со оглед на тоа што е речиси невозможно да се утврди кога се направени снимките кои ги објавуваат.
Неговата последна снимка е објавена само неколку дена по смртта на неговиот татко, кој неодамна од болничка соба ги молеше џихадистите да го ослободат Кантли.
Е. Г.