Поранешниот директор на Централната банка на Република Кипар осуден на пет месеци затвор

Од:

Поранешниот директор на Централната банка на Република Кипар и поранешен министер за внатрешни работи и за финансии Христодулос Христодулу осуден е на пет месеци затвор и на парична казна од 13.500 евра поради затајување на данок.

Судот утврдил дека Христодулу  повеќе години затајувал данок и оти еден милион евра биле префрлени од неговата фирма во фирмата на грчкиот бизнисмен Михалис Золотас.

Кипарските медиуми наведуваат дека пресудата за Христодулу е порака до трети лица за тоа дека можат да бидат казнети за нивните дела.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ