Швајцарија пет пати го зголеми извозот во Русија по ембаргото

Од:

Швјацарија пет пат го зголеми извозот на сирење во Русија, откако Москва забрани увоз на храна од ЕУ, како одговор на санкциите од Западот, објави весникот „Швајц ам зонтаг“.

Според весникот, во септември 2013 година, швајцарските производители испорачаа на Русија 28 тони сирење, а во септември 2014, дури 160 тони.

Производителите, меѓутоа, стравуваат дека по укинувањето на руското ембарго пазарот ќе го преземат компании од ЕУ затоа што швајцарските производители сакаат да извезуваат и поскапи сирења.

Москва ова лето воведе едногодишна забрана за храна од земји кои воведоа санкции кон Русија.

Би можело да ве интересира

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Путин призна дека размислува за наследник

Путин: Русија има сила успешно да ја заврши војната во Украина дури и без нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Украина е подготвена да премине на прекин на огнот што е можно поскоро