Претседателот на Бразил Дилма Русеф по вториот круг од претседателските избори е реизбрана за втор четиригодишен мандат, објави официјално Врховниот изборен суд.
Русеф при преброени 99,62 проценти од гласовите добила поддршка од 51,6 проценти од гласачите.
Противникот Аесио Невес, кој доби 48,4 проценти од гласовите, го призна поразот и се заблагодари за поддршката.
Во Бразил право на глас имаат 143 милиони лица. Изборите минаа релативно мирно.