Бразилец убиен пред гласачко место

Од:

Бразилско момче денеска е убиено пред избирачко место во североисточниот дел на земјата,најверојанто заради нерасчистени сметки,соопшти полицијата, цитирана од француските медиуми.

Дваесетгодишниот избирач бил застрелан од непознат маж, додека чекал во редот пред избирачкото место во Мосору, во североисточната држава Рио Гранде ди Норте.

Радиото Си-Бе-Ен (CBN) соопшти дека гласањето на ова гласачко место било привремено прекинато, додека иследниците го изнесувале телото на жртвата.

Вкупно 142,8 милиони Бразилци денеска гласаат во вториот круг од
претседателските избори, во кои учеаствуваат досегашната претседателка
од левицата Дилма Русеф и десноцентристичкиот кандидат Аесио Невис, како и во изборите за гувернери на 14 држави.

Федералната војска го засилили своето присуство во 224 града.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск