33-годишен кумановец, кој штотуку се вратил од Авганистан, убиен е доцна синоќа во својата куќа во самиот центар на Куманово.
Станува збор за Томче Пешевски, а спорд првичните информации се претпоставува дека бил убиен со тврд предмет во главата.
Пешевски веќе две години работел во Авганистан, а пред неколку дена се вратил на одмор во земјава. Телото е предадено на обдукција. Полицијата работи на расветлување на случајот.