Австријката Ана Фенингер и Американката Микаела Шифрин ја поделија победата во првата велеслаломска трка од новата сезона на Светскиот куп во скијање, што почна денеска на глечерот Ретенбах, во австрискиот ски-центар Зелден.
Иако Шифрин имаше предност од првата трка, сепак, по второто возење двете имаа идентично вкупнно време – 2:39,85 минути.
Трета на целта стаса Австријката Ева Марија Брем.
Утре, во Зелден, на распоредот е првата трка од Светскиот куп за мажи, исто така во велеслалом. Стартот на натпреварот е во 9.30 часот.