Кралицата Елизабета Втора, за време на отварањето на изложбата во Музејот на науката во Лондон, го испрати својот прв Tweet.
Таа во присуство на 600 гости ја отвори изложбата по повод одбележување на историјата на комуникациската технологија и на многуте милиони корисници на Твитер.
„Задоволство е да се отвори изложбата за ерата на информации денес во Музејот на науката и се надевам дека луѓето ќе уживаат во посетата. Елизабет Р“, пишува кралицата на нејзиниот профил BritishMonarchy.