Невремето на патот кај косовско-црногорската граница блокирало и два македонски автобуси

Од:

Два автобуса од Македонија со патници чија дестинација била Подгорица биле блокирани синоќа во Косово.

Поради невремето проследено со снежни врнежи и попречен камион на патот повеќе часови бил бликиран собраќајот во близина на косовско-црногорската граница.

Како што јавија косовските медиуми, во близина на преминот „Кула“ камион излизгал и го попречил патот поради што македонските автобуси и колона на други возила повеќе часа остнале блокирани.

Дел на возила кои биле на крајот од колоната се вратиле назад во Пеќ и патниците ноќта ја минале во тамошните угостотелски објкети.

Поради снегот кој паѓал тешко одело одблокирањето на патот. И сега тешко се одвива сообраќајот на овој планински дел од Косово.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава