Германската компанија за производство на автомобили „Ауди“ соопшти дека од пазарот ќе повлече 850.000 возила, поради проблеми со воздушните перничиња.
Моделите „А4 лимузина“, „А4 Авант“ и „А4 Алроад“ кои ќе бидат повлечени, се произведени кон крајот на 2011 година.
-Главно ќе бидат повлечени од двата најголеми пазари на оваа марка, односно 250.000 автомобили од Кина и 150.000 од Германија, се наведува во соопштението.
Инаку компанијата во тек на интерни проверки открила дека во овие модели има проблем со воздушните перничиња.
Е. Г.