Конференција по повод Денот на ОН

Од:

Програмата за развој на ОН денеска организира конференција „Светот што го сакам во 2030“ по повод Денот на ОН – 24 Октомври.

На конференција, што ќе се одржи во Битола, ќе учествува министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Обединетите нации го одбележуваат својот ден, 24 Октомври, во знак на сеќавање на усвојување на Повелбата на светската организација, која стапи во сила на денешен ден во 1945 година.

Повелбата беше ратификувана од поголемиот број тогашни земји-членки на ОН, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбедност. ОН официјално постојат 69 години.
Денот на ОН се слави од 1948 година, а Генералното собрание на ОН во 1971 година им препорача на земјите-членки да го одбележуваат 24 октомври како празник на своите територии.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство