Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис е примен во болница во Брисел по обилното крварење од носот, кое според докторите е последица од зголемен крвен притисок, изјави портапролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис.
Тој истакна дека шефот на државата е примен денеска на лекување и ќе остане два дена под лекарски надзор, со цел да се избегне повторно крварење.
Шеесет и осум годишниот Анастасиадис замина во Брисел за да учествува на средба на лидерите на ЕУ, како и на разговори со челниците на Европската народна партија.
Неговите обраќања ќе им бидат поделени во писмена форма на сите лидери на двете средби.