Барок или оригиналната фасада-средба на станарите од улица Македонија со Жерновски

Од:

Станарите на зградата од Македонија број 16, да размислат и сами да изберат помеѓу решението на Град Скопје и на општината Центар. Ова вечерва на состанок со нив, им го кажа градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Тој рече дека не сака да го коментира предлогот на Градот, туку само ќе обрзложи што може општината Центар да направи за станарите.

-Ние ви нудиме енергетски ефикасна фасада, а изгледот на зградата нема да се менува во друг стил, туку ќе остане сосема ист, како што е сега. Реновирањето ќе биде од сите страни, а не само од предната страна на зградата. Јас не сакам никого да убедувам, ниту да кажувам кое решение е добро или лошо, единствено сакам да ви појаснам што би направила општината Центар доколку се одлучите за нашето решение, а вие ќе го имате последниот збор, рече Жерновски.

Станарите и Жерновски се договорија од понеделник да работат група од општината и претставниците од зградата на писмен документ во кој ќе детално ќе биде објаснето што планира и што може Центар да понуди и што се ќе биде финансиски покриено од општината.

Screenshot_16

По тоа, останува станарите да одлучат-дали ќе се определат за предлогот за барок фасада од предната страна или пак за оригиналната фасада на зградата од сите страни, која ја нуди Центар.

Станарите не постигнаа досега согласност со Градот Скопје за барок фасада. Тие негативно одговорија и по дополнителниот рок од десет дена кој Градот им го понуди да се предомислат.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски