(ВИДЕО) Милошоски и Николовски: Украина мора да остане цела

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Александар Николовски на денешната собраниска комисија за надворешна политика соопштија дека Македонија мора да се залага Украина да го зачува својот територијарен интегритет. Според екс министерот за надворешни работи Милошоски, Македонија мора да опстои на овој став.

„Мој став но и се надевм и став на сите останати во Комисјата за надворешна политика е дека Македонија мора да продолжи со стојалиштето дека се залага за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како држава“, рече Антонио Милошоски.

Ист став дели и пратеникот од редовите на власта Александар Николовски. Тој посочи дека Македонија мора да води политика со која ќе покаже дека Украина мора да остане цела. Николовски потести дека Македонија не смее да заборави дека Украина во 2001-ва дала несебична подршка кога земјата се справувала со конфликтот, а тогаш никој не салал да чуе за евентуална поделба на територии, нешто што и се случува на Украина сега.

„Би сакал да искажам лично мислење што мислам дека во основа се поклопува со мислењето односно со ставот на министерството за надворешни работи а тоа е дека Македонија мора до крај принципиелно и бескомпромисно да го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Сме биле и ние како држава соочени со тој тип предизвици и могу ни значело кога се имало принципиелен став особено во периодот на 2001-ва година“, рече Александар Николовски.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков