Протест на студентите против екстерното тестирање

Од:

По најавената реформа од Министерството за образование дека во втора и четврта година на факултетите ќе се полага државен испит, студентите вечерва во 18 часот со собир ќе го искажат својот револт од новата мерка.

-Слободен собир, дискусија и организирање на автентична студентска организација која ќе се бори против екстерното тестирање на студентите. Се работи за тебе, мене и сите студенти кои сме засегнати од екстерната небулоза, се вели во повикот за протест пред споменикот на Св. Кирил и Методиј кој се наоѓа пред Правниот, Економскиот и Филозофскиот факултет.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми веќе објасни дека оние студенти кои нема да го положат државниот испит во втора година, нема да можат да продолжат со студирањето, а на тој начин ќе заштеделе време и пари.

И премиерот Никола Груевски вчера потврди дека ќе се воведе проверка на знаењето на студентите, зашто сега лесно добивале високи оценки, кои не соодветствувале на нивното знаење.

stopeksterno-plakat

На Фејсбук групата „Не за државни испити за студентите“ каде е објавен повикот за протест, досега се приклучиле над 4800 членови.

СТОП за уништувањето на образованието, за понижување и уништување на универзитетите и нивната автономија, пишува на страната и се повикува на масовност како што тоа го прават студентите во регионот.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски