Најмалиот полски универзитетски град денеска ќе откриен споменик на Википедија, најголема светска интернетска енциклопедија, во знак на признание на демократската природа на тој веб проект и социјалниот напор со кој се води.
Четири машки фигури кои над главата носат голем глобус составен од сложувалки, што е симбол на Википедија, дело е на ерменскиот вајар Михран Хакобјан, денеска ќе биде откриен во Слубици, полско гратче на западната граница со Германија.
Кристоф Војциечовски, директор на Колегиум Полоницум, со години се бори за поставување споменик на Википедија. Кога пред четири години ја добил таа идеа, никој не сакал да помогне финансиски.
На крајот се согласил градоначалникот Томаж Цисевич и уплатил 15 илјади евра од градскиот буџет, сметајки, меѓу другото, дека споменикот на Википедија би можел да привлече туристи.
– Во свет, каде многумина црпат самодоверба од бројот на следбениците на Твитер или „лајковите“ на Фејсбук, Википедија со своите 30 милиони написи на 300 јазици е револуционерен проект, наведува Војциечовски.
– Тоа е како одбрана на скромните луѓе од чудовишниот егоизам, рече Војциечовски и им оддаде признание на безимените автори на Википедија кои вложуваат голем труд и време во пишување на статии.
– За мене тоа е знак дека општеството се уште е подготвено да направи нешто несебично и дека се уште има надеж за оваа цивилизација, рече тој.