Пробал да се самоубие скокајќи во кафез со тигри

Од:

Дваесет и пет годишниот Давид Вилалобос, од Њујорк е во критична состојба откако се обидел скокајќи во кафез со тигри да се самоубие. Инцидентот се случил во Њујоршката Бронкс зоолошка. 11 годишиот тигар му задал сериозни повреди на на Вилалабос на грбот, градите и екстремитетите откако, момчето скокнало од воз кој се движел во обиколка околу живеалиштата на животните.

Човекот бил сам со тигарот десетина минути пред спасувачите да го извадат од канџите наживотното кое во зоолошката го знаеле под името Бахута. Спасувачите им рекле на медиумите дека дополнително покрај тешките повреди кој Вилалабос ги заработил од тигарот, некој од нив се предизвикани и од скокот од висина од 10-тина метри.

Иако во вакви случаи, животните вообичаено се успиваат, тигарот Бахута овој пат нема да биде усмртен. Бидејќи според директорот на зоолошката во Бронкс, Џим Бренеј, тигарот не неправил ништо лошо. Вилалабос бил одлучен да се повреди себеси – изјавил директорот, а Бахута, само го бранела своето живеалиште и своите малечки.

Немилиот настан се случил на изложба наречена „Дива Азија“, каде отворено вовче, ги носи посетителите преку реката Бронкс и низ шумите, од каде одблизу можат да ги видат, слоновите, елените и тигрите.

 

Вилалабос бил веднаш однесен во болница, каде бил свесен и комуницирал со докторите.

 

Би можело да ве интересира

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

(ВИДЕО) Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Горан Наумовски

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ