Во Културно информативниот центар – Скопје, во Изложбен салон – Империјал 2, вечер во 20:00 часот ќе биде отворена 21. Меѓународна Кичевска ликовна колонија 2014.
На изложбата ќе бидат изложени дела од 27 автори, учесници на колонијата од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Украина, Русија, Турција, Казахстан, Германија, Бугарија, С. Кипар, Ј. Кореја и Судан.
Изложбата ќе биде отворена до 31. овој месец.