Кај клучката за Групчин пронајдено лице со повреди од огнено оружје

Од:

На автопатот Тетово-Скопје на околу 2 километри од клучката за Групчин, Љ.А.(46) од тетовско Ново Село денеска околу 10 часот бил пронајден со повреди од огнено оружје.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски на Љ.А. му била нанесена прострелна рана во десната натколеница.

Повредениот веднаш бил префрлен во клиничката болница во Тетово каде откако му била констатирана повредата и му била укажана лекарска помош бил упатен на скопските клиники.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото каде по добиената пријава од граѓанин бил пронајден повредениот и тука биле пронајдени траги од крв и нож на расклопување што биле земени за вештачење.

– Според првичните информации надлежните веќе имаат сознанија за можниот сторител, но се работи на точно утврдување на неговиот идентитет како и причините и се друго поврзано што е поврзано со овој инцидент, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он