(ВИДЕО) Ковачевски: Граѓани, очекувајте нови и поголеми казни!

Од:

Не очекува многу тешка година. Не само поради ниските и неизвесни плати и приходи. Следува нов и тежок удар од власта. Очекувајте нови и уште поголеми казни. Мајстори, хигиеничари, професори, лекари, учесници во сообраќајот, сопственици на продавнички и големи фирми – никој нема да биде поштеден, вели Васко Ковачевски.

Синоќа и официјално мнозинството во Собранието експресно рече ДА за Буџетот.
A во Буџетот за 2015 година е предвидено да се соберат и 300 милиони евра по основ на такси, глоби, казни на грбот на граѓаните.

Тоа се дури 40 милиони евра, повеќе од лани, што треба да влезат во Буџетот по основ на казни.

Ете зошто најранливата категорија граѓани, мајстори, занаетчии, кои работат за по 150 денари, ќе добијат казна од 1500 евра ако еднаш бидат фатени без лиценца, а ако бидат втор пат фатени, ќе бидат казнети со 6 – 9 илјади евра.

Ете зошто вие како нарачател, ако викнете мајстор без лиценца, ќе бидете казнети со илјада евра.

Ете зошто се менува и Законот за сообраќај, а казните се качуваат двојно повеќе од досега – до 500 евра.

Ете зошто им е потребно екстерното тестирање. 2.000 казнети наставници цела година ќе земаат по 15 отсто помали плати.

Ете зошто лекарите, ако одбијат обука во странство ќе бидат казнети со 7.000 евра, а ако не останат во јавното здравство ќе мораат да платат вртоглави 25.000 евра.

Ете зошто власта молчи за задолжителната резервна каса за фирмите, што им ја најдовме во изменет закон, којашто ќе ги чини трошок до 1.000 евра. Ако ја немаат, се знае, казна. Колку? 2.800 евра.

Се е спакувано во целофан. Наводно за граѓаните, навидум за лекарите, за учениците, за наставниците. Навидум.

А се е за полнење на празниот Буџет. И се разбира, за малата група околу Груевски да се луксузира по Белизе и Панама.

Ова е политика на “Казни, осиромаши па владеј“.
СДСМ инсистира на превентивна, наместо репресивна казнена политика.

Ова се нашите предлог решенија во интерес на граѓаните:

Прво опомена за сторен прекршок, а казна само при негово повторување
Износот на казни да се намали за најмалку 50%.

Скалест пристап во казнената политика, според приходите на граѓаните и на фирмите

Едукација по опомена, но не формална, туку вистински инструмент за почитување на законот

Принципот “прво опомена” да важи и за присилна наплата на долгот, со што ќе се зачува финансиската дисциплина, но и ќе се избегна блокирањето на сметките на даночните обврзници.

Ова е грижа за граѓаните. Апелираме власта да ги прифати мерките што ги предлага СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски