За десетина дена ќе почне исплатата на предвиденото зголемување на платите од четири поценти на вработените во јавниот сектор. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека средствата за оваа намена се обезбедени во буџетот.
– Буџетот е во добра кондиција. Приходите се се подобри како изминува годината. Обезбедени се средства и при првата следна исплата на плата вработените во јавниот сектор, значи полицијата, војската, културните работници, здравствените, образовните, социјалните и сите други како и вработените во администрацијата ќе добијат покачување од четири проценти на платата, изјави вицепремиерот Ставрески одговорајќи на новинаско прашање по денешното потпишување договор за заем со Светска банка.