ФОТО: Запленети 42 ајФон 6

Од:

На граничниот премин Деве Баир вчера околу 13:30 часот на влез од Македонија се пријави патничко моторно возило со косовски регистарски таблички, во кое патуваa двајца сопружници – косовски државјани, на релација од Бугарија преку Македонија до Косово.

При претрес и прегледот на возилото царинските службеници открија сокриени 42 мобилни телефони iPHONE 6 со слушалки, полнач и кабел за полнач, кои пријавените ги сокриле на различни места во возилото: под патосницата пред совозачкото седиште, во пластичната фиоката под совозачкото седиште, во фиоката пред совозачкото седиште, во наслонот за рака помеѓу возачкото и совозачкото седиште и под возачкото седиште.

Вкупната вредност на криумчарената стока изнесува околу 1 милион денари.

Во текот на службениот разговор, прекршителите изјавиле дека ги купиле во Софија и имале намера да ги продаваат во Приштина.

Против осомничените е поднесена кривична пријава заради постоење на основано сомнение дека сторилe кривично дело „криумчарење“.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски