Тетовец загина во железничка несреќа кај Горно Седларце

Од:

Едно лице загина во железничка несреќа што се случи денеска откако во неговиот автомобил удри воз кој сообраќаел на релација Кичево – Скопје.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 55-годишниот Ф.З. од тетовското село Горно Седларце поради здобиените тешки повреди починал на самото место на несреќата.

Сообраќајката се случила денеска околу 14 часот на железничкиот премин кај Горно Седларце.

Се очекува увид да изврши јавен обвинител и екипа на СВР Тетово за да се утврдат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он