А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Ако сварам грав со вода со арсен што ќе добијам?

by А1он20/10/2014 - 13:4821/10/2014 - 10:03207
Share0

Со кампања која чини над 400.000 евра народни пари, владата ќе ги учи граѓаните да се хранат здраво. Во екот на лекции што е здраво и неопходно да се конзумира, но и потенцирањето на важноста за правилен начин на живот, гевгеличани сеуште пијат вода со присуство на арсен над дозволеното.

Добивај вести на вибер

Граѓанската иницијатива „Арсена“ која постојано апелира за опасноста од присуството на арсен во водата во градскиот водовод, на ранливата категорија граѓани им донираше 300 литри пакувана вода.

Граѓаните кои добија здрава вода за пиење поради нискиот стандард и скромните примања велат дека не можат да си дозволат да купуваат пакувана вода и ја пијат онаа од градскиот водовод.

Еве денес на телевизија премиерот вели да сме јаделе грав и леќа. Ако го сварам гравот со арсенова вода, што ќе добијам?“ – се прашува загрижена гевгеличанка.

„На маж ми докторите му забранија да пие вода од чешма. Бубрезите му се воспалуваат, му се покачува шеќерот. Со малите примања, кога можеме купуваме вода, кога не можеме пиеме од чешма и болеста му се влошува. Нема спас“, се пожали една гевгеличанка.

Активистите на „Арсена“ заедно со пакуваната вода до граѓаните ги споделија и пораките дека тие како граѓанска асоцијација имаат доставено иницијативи до Советот на општина Гевгелија за решавање на проблемот со арсенот во водата. До изнаоѓање на трајно решение тие бараат граѓаните да бидат субвенционирани со здрава пакувана вода, а водата што ја добираат преку градскиот водовод да се плаќа по цена за техничка вода наменета само за санитарни цели.

arsenavladazdravstvo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто