Компанијата „Мерцедес“ соопшти дека испорачала 100.000 примероци од новата „С“ класа, откако пред една година почна продажбата на овој модел. Тоа е првпат во историјата на „С“ класата да бидат продадени толку автомобили во текот на првата година од појавувањето на пазарот.
Една од причините за така добриот продажен резултат е одлуката на „Мерцедес“ новата „С“ класа во краток период по премиерата да се најде на три поединечно најважни пазари: во Германија, Кина и САД.
Само за првите девет месеци од 2014 година на купувачите им се испорачани 75.391 „Мерцедес С“ класа, што е за 105,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2013 година, кога се уште главно се продаваше претходната генерација од овој модел.
Од јануари, заклучно со септември, продадени се повеќе примероци „С“ класа отколку во текот на цела 2012 и 2013 година, а само во септември се пласирани 9.501 автомобили.
Компанијата очекува најновата генерација на „С“ класата да биде најпродавана во историјата на овој модел.
Предвидено е на купувачите да им бидат понудени вкупно шест верзии, од кои веќе се достапни стандардниот модел, потоа варијантата со нешто подолго меѓусовинско растојание и купе. Кон нив ќе се приклучат и кабриолет, суперлуксузната верзија со уште подолго меѓусосовинско растојание, која ќе го замени „Мајбах“, како и „Пулман“ варијантата со три реда седишта.