Жител од тетовско Теново застрелал соселанец со ловечка пушка

Од:

Д.У. (32) од Теново е осомничен дека вчера со еден проектил од ловечка пушка го застрелал во главата својот соселанец Б.З. (36), информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, настанот се случил околу 10 часот во месноста Превалец во близина на селото. На застрелувањето му претходела вербална расправија меѓу застреланиот и таткото на осомничениот Е.У. (63), кој по случувањата избегал.

Б.З. бил застрелан додека во неговиот автомобил „Југо 55“ бил со друго лице. Веднаш потоа тој со друго возило бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде бил препратен на клиниките во Скопје.

Полицијата заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото од вооружениот инцидент при што пронашле два патрони што се подигнати за вештачење, како и автомобилот на застреланиот што исто така е земен за кримтехничка обработка. Бидејќи Д.У. се уште не е пронајден по него ќе биде распишана потрага, рече Јосифовски.

Полицијата во текот на вчерашниот ден го привела и таткото на осомничениот, но по извршениот разговор тој бил пуштен.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он