Ракометарките на Вардар со убедлив пораз ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Индира Кастратовиќ вечерва во 1.коло од Б групата загуби во Подгорица од Будуќност со 23:17.
Црногорскиот шампион беше подобар противник и во текот на сите 60 минути и заслужено стигна до првиот триумф.
Најдобар играч на натпреварот беше Билјана Павичевиќ со 7 погодоци. Кај вардарки се истакнаа Андреа Перезиќ со 5 и Андреа Лекиќ со 4 реализации.
На другиот Претходно во другиот дуел од стартното коло во оваа група Турингер ја совлада Подравка со 33:20.
Следниот противник на ЖРК Вардар е германскиот Турингер кој в сабота во рамките на 2.коло гостува во Скопје.