МТСП: Фактите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ се на ниво на претпоставка

Од:

Министерството за труд и социјална политика во реакцијата на денешната прес-конференција на СДСМ наведува дека фактите изнесени на неа се на ниво на претпоставка и во потполност ги демантира.

– Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје секогаш одговора на потребите на граѓаните, согласно пропишаните стандарди. Во 2014 година комплетно се реновираа четири Центри за социјални работи, и тоа во Ресен, Струмица, Свети Николе и Пробиштип, со набавка на мебел, интервенција на санитарни јазли, фасади, ентериерно уредување. Во наредниот период ќе бидат  реновирани уште 25 Центри за социјална работа, стои во соопштението од МТСП.

Министерството посочува дека се реализира проектот Пристапни рампи за лица со инвалидност, со цел подобрување на условите со кои се соочуваат лицата со инвалидност при вршење на секојдневните обврски.

– МТСП продолжува со имплементирање на проектот за изградба на пристапни рампи, лифтови и подвижни платформи за лицата со инвалидност во објектите на органите на државната управа, други органи и институции и единиците на локалната самоуправа, се вели во реакцијата.

Воведен е електронски систем за обработка и исплата на предметите, а тоа, како што се наведува, е значајна реформа со која значително се забрзуваат постапките, нема можност за злоупотреби, и целата исплата е електронска.

– Го инициравме и реализираме проектот Достапна администрација за лица со хендикеп со цел олеснето снаоѓање во државните институции и нивните подрачни единици за лицата со хендикеп.  Секоја државна институција има назначено лица кои ќе помагаат на лицата со хендикеп. Со реализација на оваа мерка, лицата со хендикеп полесно ќе ги остваруваат своите граѓански права и обврски, се наведува во соопштението.

Отворени се единаесет брачни советувалишта, а предвидено е наредната година уште да се отворат уште десет нови, а МТСП работи на отворање на дневни центри за лица со попреченост. До сега се отворени три дневни центри за деца со попреченост, а ќе бидат отворени и други, стои во соопштението од МТСП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа