ЕУ: Санкциите кон Русија остануваат до пролет

Од:

Без драстични промени во надворешната политика на Москва, санкциите кон Русија, кои ги воведе Европската унија поради Украина во сила ќе останат барем до март следната година, изјавија за Танјуг дипломатски извори во Брисел.

Неколку високи западни дипломати во ЕУ во одвоени разговори за Танјуг ги отфрлија извештаите на некои медиуми дека Унијата е подготвена уште кон крајот на октомври да ги укине санкциите кон Русија, со цел да не го загрози снабдувањето со гас во текот на претстојната зима.

– За да бидат укинати санкции или барем ублажени за тоа би морале да гласаат сите 29 членки на Унијата, а во моментов таков консензус не постои, изјави преставник на една важна европска земја, кој побарал анонимност.

Тој потсети дека одредени балтички земји не само што се против укинување на санкциите, туку се залагат и за нивно проширување, поради наводните провокации на Русија во близина на нивните граници. 

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ