Женскиот ракометен шампион Вардар вечерва ги почнува настапите во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во 1. коло од Б групата гостуваат во Подгорица кај Будуќност.
Овие две екипи минатата сезона беа дел од завршниот фајнл-фор турнир во Будимпешта. Во полуфиналето победи црногорскиот претставник со 22:20.
Натпреварот Будуќност – Вардар ќе се игра во салата „Морача“ со почеток од 19 часот.
Претходно во другиот дуел од стартното коло во оваа група играат Турингер и Подравка.