Димовски: Имаме многу за корекција

Од:

Металург убедливо загуби од Кил (42:27), а најдобриот ракометар во македонскиот состав на синоќешниот натпревар Ванчо Димовски апелира да се искористи претстојната едномесечна пауза за исправање на грешките.

 Кил покажа докторат по ракомет. Гледачите можеа да уживаат гледајќи го нашиот противник. Нас ни останува многу нешта да корегираме. Безбодови сме по по четирите натпревари, но сега има пауза и ќе се подготвиме за следните дуели, рече Димовски, стрелец на шест голови во поразот од Кил.

Тренерот на Лино Червар нагласи дека победата на германскиот тим е сосема заслужена.

– Не надиграа целосно. Тешко ми е да зборувам по едно вакво издание. Се обидувавме да сториме нешто, но бевме немоќни. Игравме недоволно агресивна одбрана за нив. Потфрливме и ја разочаравме публиката. Сепак и покрај тешкиот пораз јас стојам зад мојот тим. Треба да извлечеме поука од овој пораз, истакна Червар на прес-конференцијата по мечот.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска