СДСМ: Дали во хаосот на листеријата летна и директорската фотелја на Рунтевски?

Од:

„Дали во хаосот на листеријата летна и директорската фотелја на првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски?

Дали „личните причини“ од коишто се повлекол Рунтевски се неговите изјави што го разобличија хаосот на институциите на власта на Груевски?

Рунтевски соопшти дека изворот на листеријата најверојатно не е во млечната и месната индустрија.

Потоа рече дека во производите на месната индустрија што ја обвини министрерот за здравство Тодоров, Агенцијата за храна и ветеринатство не нашла листерија.

И двете изјави на Рунтевски се косеа со тврдењата на Тодоров.

Рунтевски потоа рече и дека Центарот за јавно здравје во Велес што ја нашол бактеријата, не направил квантификација, што би покажало дали производот е бзбеден или содржи количини на бактеријата над дозволеното.

Откако неколку смтрни случаи се препишаа како последица на листерија, две месни индустрии настрадаа, а на пазарот се раширија виршли од друга месна индустрија, информациите за бактеријата исчезнаа.

Останаа отворени прашањата:

-Дали и каде имало листерија?

-Зошто не било постапено по Информацијата од Секторот за превенција и контрола на заразните заболувања, што алармирал за прв случај на заболување од бактеријата уште во март и побарал будност од надлежните институции и граничните служби?

Ова не ги затвора прашањата што прашање на време е кога ќе ги добијат вистинските одговори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски